2021-11-01
Ориентерска обука за нови волонтери
На 29 октомври се одржа ориентерска обука за нови волонтери кои сакаат да се вклучат во програмите на Црвениот крст на град Скопје. На обуката присуствуваа 4 нови волонтери истите се добија со обука за историјата на Црвениот крст, основните принципи на Црвениот крст, компонентите, структурата како и програмите на Црвениот крст. Обуката се реализираше во Црвениот крст на град Скопје и беа посетени канцелариите на организацијата како и Дневниот центар за стари лица и Центарот за крводарување.