Пребарувај по датум:
2022-11-15

Онаму каде сѐ започна…

Онаму каде сѐ започна...

Од 10 до 13 ноември, двајца претставници на Црвен крст на град Скопје престојуваа во градот Бреша во Северна Италија. Првата цел на посетата беше учество на Фестивалот на мирот кој секоја година се организира од страна на градот Бреша во соработка со Црвениот крст. Нашите  преставници имаа презентации за работата на нашата организација со акцент на работата со лицата кои транзитираат низ нашата земја. Втората цел на посетата беше иницирање на твининг соработка која во нареден период ќе донесе размена на искуства за волонтерите и стручната служба, а со тоа и унапредување на работата на двете организации, но и зголемено ниво на мотивација.

Онаму каде сѐ започна...

Жителите и вработените во Црвен крст на Бреша се покажаа како одлични домаќини кои на колегите со гордот им ја презентираа идејата за Црвениот крст која токму со Анри Динан се роди во малите градови покрај Бреша- Солферино и Кастиљоне. Нашата делегација ги посети сите значајни места и локации за Црвениот крст во овој регион.

Благодарност за поддршката од страна на Црвен крст Италија за оваа посета и поддршка во идна потенцијална соработка.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.