Пребарувај по датум:
2021-12-27

Одлични резултати на ПХВ програма за 2021 година

Оваа година преку програмата Црвен крст во акција-промоција на хумани вредности (ЦКА-ПХВ) беа реализирани вкупно 39 онлајн работилници. Истите беа одржани од страна на 24 ПХВ инструктори на различни теми, односно теми за кои истите се експерти. Работилниците беа прилагодени за младите, за нивните потреби и интереси како на пр. вештачка интелегенција, анксиозноста кај младите, тим и тимска работа, комуникација и техниките на истата, вештини на преговарање, безбедно користење на интернет и многу други. Вкупно 3 436 младинци од различни Општински организации на ЦК низ државата пристуствуваа на работилниците. Дел од нив се вклучуваа редовно, на повеќето од работилниците, а некои според интересот и можностите.

ПХВ програмата оваа година беше реорганизирана и прилагодена на здравствените условите во државата. Преку неа сепак имавме можност да бидеме во контакт со младите и да ги зајакнуваме нивните капацитети. Сето знаење научено оваа година ќе може да се искористи следната година кога се враќаме на терен преку изработка на малите проекти во локалните заедници.

Голема благодарност за учесниците, до инструкторите, за поддршката од страна на Општинските организации, за училиштата и за одговорните наставници. Цело е кога сме сите заедно!

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.