Пребарувај по датум:
2023-10-03

ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА СВЕТКИ ДЕН НА СТАРИ ЛИЦА – 1ви октомври „СИТЕ СМЕ НИВНИ ДЕЦА”

Традиционално како и секоја година социјалниот сервис „Дневен центар за стари лица и центар за давање помош во домашни услови” при Црвен крст на град Скопје со повеќе настани го одбележа 1ви октомври – Светки ден на стари лица.

Одбележувањето се реализираше на 02.10.2023г. со информативни пунктови на три локации автобуска постојка Зелен пазар, пазар Буњаковец и пред ТЦ Бисер. На информативните пунктови се промовираше социјалниот сервис на граѓаните, медицинскиот тим беше задолжен за мерење на крвен пристиок и гликемија. Пунктовите ги посетија 334 лица.

Во дневниот центар за стари лица во ООЦК Чаир се одбележа Светкиот ден на стари лица, а  воедно и 12 години постоење на социјалниот сервис „Дневен центар за стари лица и центар за давање помош во домашни услови”. На прославата присуствуваа околу 100 корсиници од сите три дневни центри за стари лица.

Овие активности се од големо значање за лицата во трето доба пред се за унапредување на нивниот квалитен на живот, здравјето и психофизичката состојба како и промовирање на активно стареење и активен пристап на животот во староста.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.