ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА НЕДЕЛА НА СТАРИ ЛИЦА „СИТЕ СМЕ НИВНИ ДЕЦА”
Црвен крст на град Скопје во рамките на социјалниот сервис „Дневен центар за стари лица и центар за давање помош во домашни услови” од 16 до 22 ноември 2020г. ja одбележa „Недела на грижа за стари лица” . Погодени од панедемијата на КОВИД – 19 оваа година со модифицирање на активностите се одбележа неделата за најранливото населние лицата во трето доба. Со формирање на 5 мобилни тимови односно вкупно 10 волонтери даваа поддршка на лицата во трето доба за набавка на продукти од маркет, административна поддршка, набавка на лекови, придружба на лекар, мерење на гликемија и крвен притисок и сл. Во текот на неделата на стари лица вкупно побараа помош 119 лица во трето доба. Социјалниот сервис продолжува во континуитет да дава поддршка за најранливото население погодено од пандемија на КОВИД – 19. Активноста се реализираше во соработка со Црвен крст на Република Северна Македонија и UNFPA.