Пребарувај по датум:
2013-03-19

ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА ДЕНОТ НА ФОРМИРАЊЕ НА Црвениот крст на Р.Македонија

По повод светскиот ден на крводарителството и формирањето на ЦКРМ, 17 Март, Црвениот крст на град Скопје и медицинската екипа од градската болница 8 Септември, Скопје одржаа крводарителска акција во домот на Армијата во Скопје на 17.03.2013 година од 10:00 до 16:00 часот.

Освен стручната служба на Црвениот крст на град Скопје, целосна поддршка на акцијата дадоа членовите на клубот на крводарители на град Скопје како и волонтерите од клубот 25. Акцијата беше посетена и поддржана од страна на градоначалникот на град Скопје, г. Коце Трајановски и градоначалникот на општина Центар, г. Владимир Тодоровиќ.

На сите крводарители им беше обезбеден соодветен третман пред и по крводарувањето со што им беа врачени пакети со освежување и маички.

На акцијата беше остварен критериумот од 25 крвни единици со кои се карактеризира една успешна крводарителска акција.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.