Пребарувај по датум:
2018-12-18

Одбележување на светскиот ден на лица со попреченост

Одбележување на светскиот ден на лица со попреченост

Црвен крст на град Скопје во соработка со дневниот центар за лица со церебрална парализа го одбележа 3 декември – Светскиот ден на лица со попреченост. Бројни пријатели , поддржувачи беа присутни во ресторан Umbrella и со многу музика и добра забава за која се погрижија учениците од средното музичко училиште Илија Николовски – Луј придонесоа корисниците на дневниот центар и нивните родители да имаат незаборавни мигови. Исто така со голема торта се прослави и 13от роденднен на центарот. Оваа активност е една од многуте активности кои младите на Црвен крст на град Скопје ги имплементираат преку годишна програма во рамките на проектот за поддршка и социјализација на лица со посебни потреби поддржан од Комерцијална банка. 

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.