Пребарувај по датум:
2020-12-09

Одбележување на светскиот ден на лица со попреченост

Волонтерите од оддел млади при Црвен крст на град Скопје ги посетија корисниците од дневните центри за церебрална парализа и центарот за лица со интелектуална попреченост ,, Пролет “ и заедно го одбележаа светскиот ден на лица со попреченост. Најчесто за овој ден се организира голема забава во некое  актуелно место во градот но годинава заради пандемијата и заштита на корисниците одбележувањето беше поскромно. Сепак не изостанаа убавата песна , насмевките и прегратките. Големата торта се замени со вкусни колачиња , а дополнително слатко  изненадување подготви и слаткарница Kremisimo.

Активноста е дел од проектот за поддршка и социјализација на лица со попреченост поддржан од Комерцијална банка.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.