Пребарувај по датум:
2018-06-27

Одбележување на Светскиот ден на бегалците – 20 Јуни

Одбележување на Светскиот ден на бегалците – 20 Јуни

На 20 Јуни на отворен настан на Школка во Градскиот парк, Скопје, Високиот Комесаријат за бегалци со канцеларија во Скопје (УНХЦР) со поддршка на своите партнери и оваа година го одбележаа Светскиот ден на бегалците преку разнобројни активности со цел заедно испраќање на порака за солидарност со бегалците, лицата кои биле приморани да ги напуштат своите домови. Црвен Крст на Република Македонија како долгогодишен партнер и соработник на УНХЦР на настанот зема активно учество во комплетна логистичка поддршка со поставување на шатори и тенди со цел визуелно доближувањена атмосвера на еден бегалски камп за посетителите подобро да се запознаат низ што се поминуваат бегалците, обезбедување на медицински екипи за пружање прва помош како и активно учество на волонтери од Клубот на млади при Црвен Крст на град Скопје во дистрибуција на алки и балони со овогодинешната порака – Им подаваме рака на бегалците / We stand together With Refugees. Настанот беше збогатен со изложба на цртежи нацртани од дечиња бегалци, работилница за правење стрипови, изложба на фотографии земени во прифатните кампови за бегалци во Република Македонија како и музички настапи на две музички групи, музички хор и музичка изведба на пеење традиционални Македонски песни од страна на бегалец кој моментално живее во еден од центрите во Скопје.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.