Пребарувај по датум:
2008-12-02

Одбележување на светски ден за борба против ХИВ/СИДА

Оваа година Црвен крст на град Скопје, со поддршка на високиот комесаријат за бегалци во РМ (УНХЦР) Скопје, на 1 Декември традиционално се вклучи во одбележувањето на Светскиот ден на борба против СИДА/ХИВ вирусот, пред се со акцент на младата популација во РМ.

На овој начин превентивно и едукативно делувавме кај нашите врсници за свесноста и опасностите кои демнат ако не сме свесни за ризиците и последиците од оваа болест.
На 1 Декември оваа година реализиран беше музички хепенинг со ѕвездите од нашата естрада (Кристина Арнаудова, Влатко, Неџт тиме), како дел од активностите кои беа предвидени за овој ден.  Хепенингот  се случи на градскиот плоштад Македонија. Во исто време беа поставени и 2 штанда на кои имаше промотивни и едукативни материјали поврзани со одбележувањето на светскиот ден на борба против СИДА. Материјалите останаа и како трајно потсетување за настанот, кој акцент стави на перманентна едукација и подигнување на свест за опасностите од ХИВ/СИДА кај младата популација. На самиот настан беа поделени околу 600 пакетчиња со материјали.
Во рамките на неделата на борба против ХИВ/СИДА (01-07.12) исто така предвидовме поставување на штанд на локација на плоштадот во Шуто Оризари на 04.12 на кој младите од Црвениот крст и младите од семејствата баратели на азил ќе делат промотивни материјали за ХИВ/СИДА и активно ќе ги искористат своите стекнати знаења.

 

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.