Пребарувај по датум:
2023-04-24

Одбележување на Недела на солидарност

Социјалниот сервис „Дневен центар за стари лица и центар за давање помош во домашни услови”  при Црвен крст на град Скопје ја одбележaа Неделата на солидарноста.

Корисниците од дневните центри за стари лица и членките од активот на жени при Здружение на пензионери Гази Баба подготвија 165 топли оброци за бездомните лица од Пунктот за бездомници при Црвен крст на град Скопје.

Голема благодарност до членките на ЗП Гази Баба и корсниците од дневните центри за стари лица за нивната солидарност, хуманост и волонтерство.

Сервисите „Дневен центар за стари лица и центар за давање помош во домашни услови” и Пунктот за бездомници во Момин Поток се поддржани од Град Скопје.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.