2023-02-21
Одбележување на денот на лозарите со корисниците од дневните центри за стари лица
Како една од многуте активности што се реализираат во дневните центри за стари лица при Црвен крст на град Скопје, во месец февруари по повод 14 февруари денот на лозрите и празникот Св. Трифун една од активностите беше и прошетка во Кавадарци и посета на семејни винарии. Корисницте на настанот имаа можност да се запознаат со историјата и квалитетот на нашите вина како и традицијата што налага на овој ден корење на лозје.
Голема благодарност до домаќините на винарија „Ерос” што ги отворија вратите за нашите корисници и одблиску го презентираа процесот и техники за подготовка на квалитетно вино, историјата на нивната винарија и начинот на собирање на грозје од нивните лозја.