Одбележување на ЦКА ПХВ недела
Во рамки на одбележување на ЦКА ПХВ неделата и според дадените насоки Црвен крст на град Скопје реализираше работилница на тема булинг и превенција од врсничко насилство. Истата ја водеше стручно лице – психолог како и дел од стручната служба од Црвен крст,а присуствуваа 30 младинци од различни средини кои имаа можност да споделуваат лични искуства, поставуваат прашања и за истите да добијат соодветни одговори. Се обрна и внимание за важноста за навремено детектирање на било кој проблем , разговор со семејство, стручно лице или пак стручна служба во училиштето бидејќи само така истиот може и брзо да се надмине. Преку оваа работилница поддржана од НЛБ Тутунска банка сакавме да ја поддигнеме свеста за серозноста и опасноста од насилното однесување кое во голема мера ако не се реагира навремено може да донесе до сериозно ментално нарушување кај младите.