Пребарувај по датум:
2018-10-28

Oдбележување на 18 Октомври – Европски ден за борба против трговија со луѓе

Oдбележување на 18 Октомври - Европски ден за борба против трговија со луѓе

Со цел подигнување на свеста за опасноста од трговија со луѓе и одбележување на 18 Октомври – Европски ден за борба против трговија со луѓе, Мобилен тим Липково при Црвен крст на град Скопје, организираше марш до врвот Стража во општина Липково, каде 31 учесник после тричасовно пешачење се најдоа на врвот на Скопска Црна гора.

Во искачувањето, учество земаа сите членови на Мобилните тимови кои работат на полето на хуманитарна асистенција на мигрантите на северната граница, но и претставници од Граничната полиција при РЦ Север, претставници од месната заедница на с. Лојане, канцеларијата на УНХЦР во Скопје, НВО Легис и членови на тимот за спасување на планина при Црвен крст на град Скопје.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.