Пребарувај по датум:
2022-10-04

Одбележување на 1 Октомври – Светски ден на стари лица “СИТЕ СМЕ НИВНИ ДЕЦА”

радиционално, социјалниот сервис „Дневен центар за стари лица и центар за давање помош во домашни услови” при Црвен крст на град Скопје, со повеќе настани го одбележа 1 Октомври – Светски ден на стари лица. Одбележувањето започна со Чиконг семинар кои се реализираше од 26 до 29 септември во едукативен центар „Солферино” – Струга.

На 30 септември беа поставени информативни пунктови на автобуска постојка Зелен пазар, пред пазар Буњаковец и пред ТЦ Бисер, каде мобилни тимови од Црвен крст на граѓаните им овозможија да измерат бесплатно крвен притисок, гликемија и сатурација, а воедно  и граѓаните да се запознаат со проектите Грижа за стари лица, Нега Центар и Итно копче. Пунктовите ги посетија 282 лица.

11-тиот роденден (11 години постоење на социјалниот сервис „Дневен центар за стари лица центар за давање помош во домашни услови” ) се одбележа на 3 октомври во Центарот во ДХО Даре Џамбаз. На прославта присуствуваа 60 корисници од трите дневни центри за стари лица.

Овие активности се од големо значање за лицата во трето доба пред се за унапредување на нивниот квалитет на живот, здравјето и психофизичката состојба како и промовирање на активно стареење и активен пристап на животот во старост.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.