Одбележана неделата за борба против ракот
Од 1-8 март Црвен крст на град Скопје традиционално ја одбележи неделата за борба против ракот. Најпрво во х. Мериот се реализираше концертот Љубовни ноти кој во себе носи хумана димензија , а таа е поддршка на жените оперирани од канцер, кои заедно со членките на здружението „Животна искра“ секоја година ги посетуваме на 8-ми март , на клиниката за Онкологија.
Волонтерите на Црвен крст на град Скопје и оваа година ги посетија пациентките кои благодарение на соработниците , а воедно и наши пријатели Fashion group и Жаклина Мучева им подарија пригодни подароци мал гест во знак на внимание и им посакаа поскоро закрепнување.
Исто така во рамки на неделата се изготви и едукативно-промотивно видео на кое д-р Мимоза Толевска од специјалната болница Жан Митрев зборуваше за превенција, самоконтрола и редовните прегледи кои го намалуваат ризикот од доцното откривање на ракот на дојка.