Пребарувај по датум:
2012-09-20

Одбележан Светскиот ден на Првата помош

SLIKA
Црвениот крст на град Скопје се приклучи кон одбележувањето на Светскиот ден на првата помош, кој оваа година се одбележи под мотото: „Првата помош за ранливото население“

Преку едукации за практицирање на првата помош најнапред се опфатија 40 лицата/ осуденици од КПД Идризово (женски отворен дел) и Истражниот затвор Ш. Оризари (машки отворен и полуотворен дел).
Едукации за основите на Првата помош беа одржани и за најмладите во 2-та дневни центри за деца од улица (Ш. Оризари и Топаана- МИР).
За 50 дечињата кои ги посетуваат дневните центри беше реализирано адаптирано предавање и едукација преку анимирана презентација и со помош на мечето „Медо„ на кое најмладите демонстрираа укажување на Прва помош.
Со цел промоција на Првата помош кај пошироката заедница, релизирана беше и показна вежба/ едукација за поголемите деца од 2-та дневни центри (Ш. Оризари и МИР) како и за децата од заедницата на бегалци/баратели на азил во РМ кои го посетуваат едукативниот центар на Црвен крст во Ш. Оризари.
Со реалистично претставување на повреди и манекени, 20 млади имаа можност да ги научат основите на Првата помош преку директна активност. Инструктори на вежбата и едукациите беа обучените млади од клубот на млади Ш. Оризари

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.