Одбележан Светскиот ден на Првата помош
Црвениот крст на град Скопје и општинските организации на Црвен крст на територија на град Скопје, традиционално и оваа година го одбележија Светскиот ден на Првата помош во соработка и со поддршка на СВР Скопје.
Одбележувањето на истиот, беше на 10 Септември (сабота) со изведување на показна вежба за правилно укажување на прва помош на неколку локации во нашиот град и тоа пред ТЦ Бисер, на локација пред порта Македонија и спроти ТЦ Мавровка (Бит пазар).
На споменатите локации беа симулирани повреди, а возачите на моторни возила кои беа сопрени од страна на овластено лице на СВР Скопје требаше правилно да ги санираат. За сите кои правилно укажаа Прва помош поделени беа награди (сет за Прва помош), а оние кои немаа доволно знаење, беа едуцирани од волонтерите на Црвениот крст кои се обучени за правилно укажување ПП.
Преку оваа активност, Црвениот крст уште еднаш ја нагласува потребата од навремено и правилно укажување Прва помош како вештина која спасува живот, вештина која треба да биде совладана од сите, без разлика на возраста.