Одбележан месецот на борба против зависности
Преку реализација на едуктивни предавања во 10 средни училишта на територија на град Скопје, во соработка со ООЦК на територија на град Скопје, го одбележавме месецот Ноември како месец за борба против зависности. На едукациите акцент беше ставен на опасностите кои произлегуваат од зависноста од алкохол, цигари и наркотици како и превенција од консумирање.
Пристапот на едукаторот, поранешен припадник на МВР со долгогодишно искуство на темата, предизвика голем интерес кај учениците кои имаа низа прашања и по секоја едукација беше отворена дискусија поврзана со секојдневните предизвици со кои се судираат младите.
Значењето на ваков вид едукативни работилници е големо, бидејќи превенцијата е важен сегмент во работењето на Црвениот крст, посебно сегментот за подигнувањето на свеста кај младата популација со која често остваруваме интеракција.
Преку едукативниите предавања опфатени беа 360 ученици, како и дел од наставниот кадар кој присуствуваше на истите. За сите нив, приготвени беа подароци кои се дистрибуираа по едукациите.