Одбележан Меѓународниот ден на старите лица
По повод Меѓународниот ден на старите лица-1 октомври, Црвен крст на град Скопје организираше низа активнности со кои се одбележа и реотварањето на Дневните центри за стари лица, со следење на сите мерки и протоколи за заштита од Ковид-19.
Во дневниот центар во ДХО „Даре Џамбаз” се реализираше здравствено-превентивна активност за мерење гликемија, крвен притисок и сатурација. Активноста ја посетија повеќе од 50 корисници од дневните центри, а воедно за секој корисник
следуваа гратис суплементи.
👉🏻 Исто така се реализираше креативна работилница на која учествуваа 6 корисници и изработија креативни украси по повод одбележување на денот.
Град Скопје, еден од нашите дологогодишни поддржувачи, денот го одбележа со организирање на музички настан – матине во Градскиот парк, на коешто учество земаа 35 корисници од дневните центри на Црвениот крст.
Сите корисници со големо задоволство присуствуваа на активностите и воедно среќни дека повторно им се пружа можност за заедничка дружба и социјализација.