Пребарувај по датум:
2018-11-14

Одбележан 16 октомври – Светски ден за борба против гладта

По повод одбележување на светскиот ден за борба против  гладта – 16 октомври, со цел подигање на општествената свест за донирање на храна на оние на кои таа им е најпотребна, Црвен Крст на Град Скопје заедно со организациите  “Ајде Македонија” и Сите Сити  ја реализираа по втор пат акцијата      симболично наречена “Нахрани 10.000” која наиде на добар одзив од граѓаните . Кон акцијата, покрај граѓаните, се придружија и веќе препознаените општествено одговорни компании и вработените на VIP,Охридска банка, Рамстор Мол, Маргони и АД Поленак. Исто така се организираше и традиционална посета во ОКТА на која вработените се откажуваат од купонот со кој им следува појадок и ги донираат средствата.

 Во рамките на кампањата се собра 1 тон и 526 кг.  храна од која што ќе се     изготват пакети кои ќе бидат дистрибуирани до социјално ранливи граѓани.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.