Одбележан 16 октомври – Светски ден за борба против гладта
По повод одбележување на светскиот ден за борба против гладта – 16 октомври, со цел подигање на општествената свест за донирање на храна на оние на кои таа им е најпотребна, Црвен Крст на Град Скопје заедно со организациите “Ајде Македонија” и Сите Сити ја реализираа по втор пат акцијата симболично наречена “Нахрани 10.000” која наиде на добар одзив од граѓаните . Кон акцијата, покрај граѓаните, се придружија и веќе препознаените општествено одговорни компании и вработените на VIP,Охридска банка, Рамстор Мол, Маргони и АД Поленак. Исто така се организираше и традиционална посета во ОКТА на која вработените се откажуваат од купонот со кој им следува појадок и ги донираат средствата.
Во рамките на кампањата се собра 1 тон и 526 кг. храна од која што ќе се изготват пакети кои ќе бидат дистрибуирани до социјално ранливи граѓани.