Одбележан 14 Јуни – Светскиот ден на крводарителство
Под мотото Крвта не спојува сите нас- Сподели живот, дарувај крв!, Црвениот крст на РМ, Црвен крст на град Скопје во соработка со Институтот за Трансфузиона медицина, и оваа година се вклучи во одбележување на 14 Јуни, Светски ден на крводарителство.
Централниот настан се реализираше во ГТЦ Скопје, каде беше поставена изложба на кретиви/ постер решенија произлезени од објавениот конкурс во соработка со здружението на графички дизајнери „ Плакарт“, за изработка на идејно решение на тема „Дарување крв, младост, хуманост„ , чија цел е промоција на крводарителството, мотивирање и поттикнување на младите. Активноста е дел од проектот „Училишни клубови за едукација и превенција“ поддржан од Трансмет- Скопје. Изложени беа 33 идејни решенија, а истите се од интернационален карактер (Македонија, Индија, Кина, Иран, Еквадор, Полска, Австралија). На настанот, присутни беа волонтерите од Клуб 25 и крводарители од Клуб на крводарители на ЦК на град Скопје. Волонтерите поделија информативни и едукативни материјали на минувачите, а екипа од Институтот за Трансфузиона медицина одредуваше крвна група на граѓаните кои се заинтересирани.
Организиран беше и квиз за посетителите на настанот, со награди како мотивација за оние кои знаат најмногу за крводарителството.