Одбележан 01 Јуни – Ден на згрижувачки семејства
Во рамките на проектот поддржан од Комерцијална банка, Црвениот крст на град Скопје во соработка со Меѓуопштинскиот центар за социјална работа Скопје,
на 01 Јуни традиционално го одбележува Денот на згрижувачки семејства.
Оваа година настанот се реализираше на 01 Јуни на платото пред спомен куќата на Мајка Тереза. На просторот беа поставени маси и столчиња на кои децата и волонтерите на Црвениот крст реализираат креативни работилници (цртање, боење, изработка на накит, оригами), а за забавата се погрижија Јана и Виктор- ѕвездите од ИДОЛ, кои поминаа убави момент на дружење и забава со децата.
За сите деца Црвениот крст на град Скопје подготви маички, а во соработка со Меѓуопштинскиот цента за социјална работа обезбедени беа и повеќе донации за дечињата и за згрижувачите.
Со овоја настан навистина придонесовме да се побудат повеќе детски насмеки, а традицијата со сигурност ќе ја продолжиме и наредните години.