Пребарувај по датум:
2019-11-29

ОДБЕЛЕЖАНА НЕДЕЛАТА НА СТАРИ ЛИЦА 2019

ОДБЕЛЕЖАНА НЕДЕЛАТА НА СТАРИ ЛИЦА 2019

Црвениот крст на град Скопје традиционално под мотото СИТЕ СМЕ НИВНИ ДЕЦА ја одбележа Неделата на грижа на стари лица од 18-24 ноември. Истата се одбележа во рамките на социјалниот сервис ,,Дневен центар за стари лица и центар за давање помош во домашни услови“ кој е поддржан од страна на Град Скопје и Албиз Фондација. Во рамките на оваа недела се реализираа следните активности: Национална конференција на тема „Здраво стареење и социјални сервиси за стари лица”, дружба со Етно хор „Серенада” и штитениците од домовите за стари лица „Мајка Тереза” и „Вита Ве”, посета на дневниот центар за стари лица од страна на кориснициот од Центар за деца со церебрална парализа, пунктови за здравствено превентивни прегледи на три јавни локации и Фестивал на пензионерски хорови.
Преку канцеларијата на Црвен крст во с.Лојане се организираше средба со жените од селото на кои им се направи преглед (мерење притисок и шеќер) и им се дадоа совети за исхрана, добија информации за шеќерна болест, кардиоваскуларни и пулмонарни заболувања и реуматоиден артритис.

Преку сите овие активности директно се допре до околу 1500 лица кои живеат на територијата на град Скопје

ОДБЕЛЕЖАНА НЕДЕЛАТА НА СТАРИ ЛИЦА 2019

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.