ОДБЕЛЕЖАНА НЕДЕЛАТА НА СТАРИ ЛИЦА 2019
Црвениот крст на град Скопје традиционално под мотото СИТЕ СМЕ НИВНИ ДЕЦА ја одбележа Неделата на грижа на стари лица од 18-24 ноември. Истата се одбележа во рамките на социјалниот сервис ,,Дневен центар за стари лица и центар за давање помош во домашни услови“ кој е поддржан од страна на Град Скопје и Албиз Фондација. Во рамките на оваа недела се реализираа следните активности: Национална конференција на тема „Здраво стареење и социјални сервиси за стари лица”, дружба со Етно хор „Серенада” и штитениците од домовите за стари лица „Мајка Тереза” и „Вита Ве”, посета на дневниот центар за стари лица од страна на кориснициот од Центар за деца со церебрална парализа, пунктови за здравствено превентивни прегледи на три јавни локации и Фестивал на пензионерски хорови.
Преку канцеларијата на Црвен крст во с.Лојане се организираше средба со жените од селото на кои им се направи преглед (мерење притисок и шеќер) и им се дадоа совети за исхрана, добија информации за шеќерна болест, кардиоваскуларни и пулмонарни заболувања и реуматоиден артритис.
Преку сите овие активности директно се допре до околу 1500 лица кои живеат на територијата на град Скопје