2017-10-16
ОДБЕЛЕЖАН СВЕТСКИОТ ДЕН НА БЕЗДОМНИШТВО
По повод светскиот ден на бездомништвото, на 10ти октомври во 10:00 часот во Пунктот за бездомници во Момин Поток се организираше настан со богат и свечен ручек кој беше подготвен од волонтерите од Клубот на млади на Црвен крст на град Скопје, волонтери од Американските училишта „НОВА“ и еден долгогодишен поддржувач на активностите во Пунктот за бездомници. Настанот го проследија повеќе претставници на медиумите со кои дискутиравме за проблемите со бездомништвото во градот Скопје.