Пребарувај по датум:
2012-12-06

ОДБЕЛЕЖАН МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА ВОЛОНТЕРИЗМОТ

Во соработка со народната канцеларија на претседателот на РМ д-р Ѓорге Иванов, Црвениот крст на град Скопје го одбележа Светскиот ден на волонтеризмот – 05 Декември.

Пред просториите на народната канцеларија, волонтерите од клубот на млади на ЦК на град Скопје, на поставен штанд делеа промотивни и информативни флаери и брошури преку кои сите минувачи имаа можност да се запознаат со нашите активности како и со начините како може да станат волонтери во организацијата.
Во просториите на народната канцеларија за цело време беа емитувани наши спотови, филмот Приказна за една идеа и сл. видео записи кои исто така го доближија волонтеризмот до сите заинтересирани граѓани.
Во активноста активноста се вклучија и волонтерите во канцеларијата на претседателот на РМ.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.