Пребарувај по датум:
2013-04-28

ОДБЕЛЕЖАН ДЕНОТ НА ШЕГАТА И ЗАБАВАТА

Во рамките на проектот за социјализација на деца и млади со посебни потреби поддржан од Комерцијална банка а.д. , на 29.03  во просториите на креативниот центар во Зоолошката градина Скопје се реализираше креативна работилница, а потоа и прошетка низ ЗОО.

Истата беше во пресрет на 01 Април- Денот на шегата и забава. Со поддршка на волонтерите на Црвениот крст Скопје (клуб на млади) штитениците од Центарот за Церебрална парализа Капиштец изработуваа првоаприлски  маски.

Бидејќи работилницата беше во ЗОО градина, маските беа со ликови на животни, украсени со додатоци и многу креативни бои.

По завршувањето на работилницата, штитениците од Дневниот центар во придружба со волонтерите ги носеа изработените маски на 01 Април на мало дефиле организирано во дневниот центар.

Со оваа активност продолжуваме со дружба, социјализација и разубавување на секојдневието на лицата со Церебрална парализа во насока на олеснување на нивниот живот.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.