Пребарувај по датум:
2013-04-11

ОДБЕЛЕЖАН 8-МИ АПРИЛ, МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА РОМИТЕ

Клуб на млади на општина Шуто Оризари, во рамките на Црвен крст на град Скопје, по повод одбележувањето на 8- ми Aприл

Меѓународен ден на Ромите организираше крводарителска акција. Акцијата се одржи на 8 Aприл 2013 година, во ресторан Матекс во нас. Шуто Оризари и на истата евидентирани и реализирани 83 крводарувања.

Целта на крводарителската акција беше да се зголеми бројот на крводарители Роми и да се промовира крводарителството кај Ромите.

Крводарителската акција беше поддржана и од фурна ДИМЕ која донираше бели пецива за сите крводарители.

Во рамките на ова одбележување, членовите на клубот на млади од Ш. Оризари и членовите на Клуб 25 -клуб на млади крводарители, мотиватори реализираа мотивациски предавања на тема крводарителство во 4 (четири) средни училишта на територија на град Скопје.

Едукациите се наменети за учениците Роми во овие училишта и истите беа на ромски јазик. Со нив ја подигаме свеста кај младата популација за нивно активно вклучување како крводарители.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.