Пребарувај по датум:
2023-03-24

Од денес услугата помош и нега во домот достапна во општина Кисела Вода

Услугата помош и нега во домот, од денес ќе биде достапна и за жителите на Општина Кисела Вода, а корисници може да бидат лица над 65 години, лица со намален функционален капацитет и лица со попреченост, кои не можат да се грижат за себе. За корисниците на оваа услуга секојдневно ќе се грижат 20 лиценцирани негуватели од Нега центар, во рамки на Црвен крст на град Скопје кои ќе им обезбедуваат помош во оддржување на личната хигиена, при обезбедување на потребните намирници и лекови, мобилност во домот и надвор од домот, како и  психосоцијална поддршка .

Главен приоритет на услугата е да се создадат можности за секој корисник достоинствено и што е можно посамостојно да ја помине староста во личниот простор, во кој се чувствува безбедно и спокојно. Започнувањето на оваа значајна услуга се одбележа во просториите на општина Кисела Вода во присуство на Секретар на Црвен Крст на град Скопје Сузана Тунева Пауновска, Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, Градоначалникот на општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.