Обуки за постапување со лица со оштетен вид…
Во рамките на Центарот за поддршка на лица со оштетен вид на 24 и 31 Август 2018 година, во период од 09:00 – 13:00 часот, се одржаа 2 обуки за правилно постапување со лица со оштетен вид, наменета за лица од трето доба – корисници на Центарот за грижа на стари лица – Црвен крст на град Скопје. Обуките се состоеја од презентација на редовните активности и успеси на Центарот, показни и симулациони вежби за реални ситуации со кои лицата со оштетен вид се соочуваат во секојдневниот живот како и едукативни примери и совети како треба и како нетреба да се постапува со лицата со оштетн вид. Обуките се од голема корист за лицата од трето доба за во иднина во секојдневниот живот кога би стапиле во контакт со лица со оштетен вид, да знаат правилно да му пристапат и помогнат на лицето со оштетен вид. На работилниците активно учество зедоа 29 учесници кои преку интеракција ги добија потребните информации планирани во рамките на обуките.