Обуки по Прва помош за наставници
Црвен крст на град Скопје ја промовира Првата помош и континуирано спроведува обуки по Прва помош за сите заинтересирано нo и за работни организации согласно Законот за безбедности и здравје при работа, објавен во службен весник на РМ бр.53 од 2013 година. Во истиот стои дека “На секое работно место и во работни простории во кои истовремено работаат до 20 вработени, најмалку еден од нив мора да биде оспособен и одреден за давање на Прва помош, за гасење пожари, евакуација и спасување а над овој број на секои 20 вработени, најмалку уште по еден”.
Истата обука ја поминаа и 12 наставници од 6 основни училишта кои се наоѓаат на територијата која беше погодена од поплавите предизвикани од големите дождови, во летотo 2016 год. во рамките на проектот Рано опоравување од елементарна катастрофа-поплава имплементиран од Црвен крст на РМ/Црвен крст на град Скопје, поддржан од Австриски Црвен крст и Австриска развојна агенција.
Обуката се одвиваше теоретски и практично. Теоретскиот дел се одвиваше преку Прва помош презентации и клипови со симулации за укажување прва помош додека пак практичниот дел се одвиваше преку симулација на повредени, користење санитетски материјали, манекен за реанимација и автоматски надворешен дефибрилатор (АНД).
За време на обуката, присутните покажаа голема интерактивност, споделија нивни искуства и пројавија дополнителен интерес. За обуката рекоа дека е многу корисна за нивната професија и треба целиот наставен кадар да се здобие или пак освежи познавањата од првата помош.