2026-05-26
Обука за зајакнување на т.н. меки вештини и вработување на бездомните лица
Во периодот од 18 до 20 мај во Центарот „Солферино“- Струга беше реализирана тридневна обука на тема „Зајакнување на т.н. меки вештини и вработување на бездомните лица“, со цел унапредување на личните, комуникациските и социјалните вештини кај учесниците (17 бездомни лица, корисници на услугите во Пунктот на бездомни лица на Црвен крст Скопје), како и нивна подготовка за полесна интеграција на пазарот на труд.
Реализираната обука придонесе за унапредување на комуникациските и социјалните вештини кај учесниците, зголемување на нивната самодоверба и поттикнување на активно вклучување во процесите на вработување и социјална интеграција.
Активноста е во рамки на проектот SHAPE, финансиран од Австриското Федерално Министерство и Австриски ЦК.
