2019-02-26
Обука за спaсување на Попова Шапка
Минатата недела, Тимот за спасување на планина одржа обука за спасување на Попова Шапка во зимски услови. Обуката се состоеше од запознавање со основите на техниката на движење во зимски услови, тактиката за потрага и спасување на лица загрозени од лавини, процедурите при употребата на тимовите за брз одговор укажување на прва медицинска помош, згрижување на повредените и санирање на последиците.
Фокусот на вежбата е насочен кон интегрирање на човековите и материјалните ресурси, увежбување на координација и комуникацијата, со цел навремено дејствување заради спасување на човечките животи и материјалните добра.