2022-03-15
Обука за реалистично прикажување на повреди.
Во период од 11-13 март во тренинг центарот “Солферино” во Струга се оддржа Обука за реалистично прикажување на повреди.
Обуката е спроведена во рамките на годишниот план на одделот Подготвеност и дејстување при катастрофи на Црвен крст на град Скопје и имаше за цел надградување на човечки капацитети.
Учесници на oбуката беа 10 волонтери од Тимот за одговор при катастрофи и 5-те ООЦК на територија на град Скопје.
Тенденцијата е во иднина ваквиот тип на едукации и обуки да станаат традиционални, а со тоа што поголем број на волонтери да бидат едуцирани.