Обука за постапување со лица со оштетен вид наменета за лични асистенти на лица со попреченост
Во рамките на Центарот за поддршка на лица со оштетен вид – Црвен крст на град Скопје, на 28 Ноември 2018 година, во период од 12:00 – 16:00 часот, се одржа обука за правилно постапување со лица со оштетен вид, наменета за лични асистенти за лица со попреченост во рамките на програмата за лични асистенти имплементирана од Црвен крст на град Скопје во соработка со МТСП. Обуката се состоееше од презентација на редовните активности, работата, структурата и успесите на Центарот за поддршка, показни и симулациони вежби за реални ситуации со кои лицата со оштетен вид се соочуваат во секојдневниот живот како и едукативни примери и совети како треба и како нетреба да се постапува со лицата со оштетн вид. На учесниците од страна на тимот на Центарот за поддршка исто така, им беа презентирани советникот за правилно постапување со лицата со оштетен вид испечатен на Брајово писмо и Брајова машина која лицата со оштетен вид ја користат. Обуката беше од интерактивен карактер помеѓу учесниците и тимот на Центарот за поддршка. Во самата обука, активно учество зема еден корисник на Центарот за поддршка, кој преку своето лично искуство, на учесниците им го доближи своето секојдневие како лице со оштетен вид. На крајот на обуката, на учесниците им беше презентирано видеото за правилно постапување со лицата со оштетен вид со 10-те совети како треба и како нетреба да се постапува. Оваа обука е од голема корист за личните асистенти кои во понатамошната работа со лицата со оштетен вид, ќе знаат правилно да му пристапат и помогнат на лицето со оштетен вид. На работилницата активно учество зедоа 19 учесници – тимот на Центарот за поддршка и асистентите кои преку интеракција ги добија потребните информации планирани во рамките на обуката.
Центарот за поддршка на лица со оштетен вид се имплементира во рамките на „Проектот на УСАИД и ЛЦИФ за деца со пречки во видот“.
{gallery}GALERIJA/30.11.2018{/gallery}