Обука за постапување со лица со оштетен вид
Во рамките на Центарот за поддршка на лица со оштетен вид на 09.03.2018 година се реализираше тренинг / обука за постапување со лица со оштетен вид наменета за волонтерите на Клубот на млади при Црвен крст на град Скопје и волонтерите од Центарот за поддршка на лица со оштетен вид. Обуката ја реализираа специјален едукатор и стручната служба на Центарот.
Целта на обуката беше волонтерите да се обучат како да постапуваат со слепите лица и лицата со оштетен вид и како да им помогнат при секојдневните акивности. Волонтерите кои се обучија ќе бидат вклучени во активностите на Центарот за поддршка на лица со оштетен вид во различни работилници и активности кои ќе ги презентираат за подобрување на вештините и степенот на едукација на лицата со оштетен вид, како и подигнување на јавната свест за потребите и проблемите со кои се соочуваат овие лица во оштеството.
Центарот за поддршка на лица со оштетен вид се имплементира во рамките на „Проектот на УСАИД и ЛЦИФ за деца со пречки во видот“.