Пребарувај по датум:
2023-02-06

Обука за ПХВ дисеминатори ПХВ циклус 2023 година

Овој викенд, 04-05 февруари, во Скопје се одржа обука за ПХВ дисеминатори. Вкупно се обучени 37 дисеминатори предложени од страна на своите Општински организации на Црвениот крст. За време на обуката беа присутни и 9 ментори кои низ процесот на изработка на малите проекти ќе им дадат поддршка на дисеминаторите.

Во наредиот период ќе бидат спроведени 111 обуки на кои 1 110 младинци ќе добијат обука за дисеминација, за изработка и документирање на малите проекти. Потоа во период од 2 месеци младите на терен ќе изработуваат мали проекти за добробит на заедницата. Се очекува изработка на повеќе од 150 мали проекти преку кои ќе им се помогне на повеќе од 3.000 лица.

Програмата Промоција на хумани вредности е Национална програма за регрутирање и задржување на волонтерите во редовите на Општинските Организации на Црвениот крст. Функционира повеќе од 25 години во земјата и брои повеќе од 30 активни инструктори.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.