Пребарувај по датум:
2012-02-21

Обука за пеир едукатори во Бугарија

Во периодот од 6 до 12 Февруари 2012 година во Софија беше организиран тренинг за пиер едукатори во рамките на програмата Млади Агенти на Бихејвиорелна Промена, 

имплементирана од страна на Меѓународната Федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина.

Во текот на овој тренинг обука стекнаа 11 пиер едукатори од Црвениот крст на Р. Бугарија и еден претставник на Црвениот крст на Романија.
Тие заедно поминаа тренинг сесии за основите на пиер едукацијата, техники на фасцилитирање на група, основи на комуникација, поврзаност помеѓу мотивација и учење, видови на учење, и сесии за развивање на лични вештини неопходни за успешно фасцилитирање.
Покрај ова учесниците имаа можност практично да искусат голем број од вежбите од финалната верзија на прирачникот за Млади Агенти на Бихејвиорална Промена.
Тренингот беше спроведен од страна на четири тренери на програмата, од кои еден од Црвената полумесечина на Египет, еден од страна на Црвениот крст на Франција и два претставници на нашето Национално Друштво.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.