Пребарувај по датум:
2021-01-25

Обука за палијативна нега на изнемоштени лица

Обука за палијативна нега на изнемоштени лица

На 21.01.2021 за прв пат во рамките на Црвен крст на град Скопје започна со реализација  обуката за палијативна нега на изнемоштени лица. Со поддршка на UNDP, 13 кандидати се селектирани и ќе се сертифицираат за палијативни негуватели на изнемоштени лица. Оваа обука ќе ги зајакне капацитите на негувателите за адекватна нега на лица кај кои е потребна палијативна нега.  Програмата по која се одвива обуката опфаќа стекнување знаења, вештини и компетенции за планирање и испорачување на социо-здравствени услуги, палијативна грижа на  изнемоштени лица. За време на обуката ќе се почитуваат протоколите и мерките за заштита од КОВИД-19.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.