Обука за негувател/ка за помош и нега на стари лица и лица со попреченост
Црвениот крст на град Скопје во рамки на акредитираната програма „Негувател/ка за помош и нега на стари лица и лица со попреченост“ на 21 септември 2020 година започна со нов циклус на обуки. За реализација на обуките се почитуваат сите протоколи за контрола и спречување на ширење на Ковид 19.
Обуките се спроведуваат од страна на честворица едукатори од различни профили и тоа: дефектолог, социјален работник, доктор и медицинска сестра. Во рамките на оваа обука кандидатите ќе се стекнат со нови знаења и техники од областа на негата во домашни услови, психосоцијалната поддршка, како и теоретски и практични знаења за соодветните целни групи за кои и се обучуваат негувателите. Обуката се реализира со поддршка на Швајцарскиот Црвен крст и по завршување на истата, кандидатите ќе се стекнат со државен сертификат за негувател/ка за помош и нега на стари лица и лица со попреченост.