Пребарувај по датум:
2022-02-17

Обука во зимски услови

Тимот за спасување на планина на Црвен крст на град Скопје, реализираше обука за спасување во зимски услови. Истата се одржа на Попова Шапка и се состоеше од следниве елементи:

  • запознавање со основите на техниката на движење во зимски услови,
  • тактиката за потрага и спасување на лица загрозени од лавини,
  • процедурите при употребата на тимовите за брз одговор,
  • укажување на прва медицинска помош,
  • згрижување на повредените,
  • санирање на последиците од повреди.

Фокусот на вежбата беше насочен кон интегрирање на човековите и материјални ресурси, увежбување на сегментите координација и комуникацијата, со цел навремено дејствување при спасување на човечки животи и материјални добра.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.