Пребарувај по датум:
2021-11-12

Обука на техники и модалитети за тренери по прва помош

Обука на техники и модалитети за тренери по прва помош

Во периодот од 04-07 ноември 2021г. во Сараево, Босна и Херцеговина, во рамки на проектот “Здравство во катастрофи”- се организираше 4-дневен тренинг на тема “Зајакнување на капацитетите на Националното друштво во делот на техники и модалитети за тренери по прва помош”.

Проектот е поддржан од Меѓународна федерација на Црвен крст и Црвена Полумесечина, а истиот беше во организација на Црвен криж на Федерација на Босна и Херцеговина.

Тројца меѓународни тренери обучени од страна на МФЦКЦП го држеа тренингот, а еден од нив беше Слободан Митровиќ Координатор на Центарот за обука по прва помош во Црвен крст на град Скопје.

Вкупно 34 учесници од Босна и Херцеговина ја следеа обуката. Заедно можеме повеќе, заедно стигнуваме подалеку!

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.