Пребарувај по датум:
2012-10-18

Обучени 40 дисеминатори во ЦКА ПХВ програмата

На 16 и 17 октомври се одржа обука за избраните дисеминатори во рамките на ЦКА ПХВ програмата.

Некои од нив се нови, некои биле дисеминатори и минатата година, различна возраст, различни професии, но избрани од страна на својата Општинска организација да ги менторираат малите проекти.

Дисеминаторите во период од две недели ќе треба да ја спроведат унифицираната дисеминациска сесија во своите Општински организации на 30 нови регрутирани младинци.
Младинците треба да се на возраст од 14-18 години и не треба да се членови на Црвениот крст во нивната Организација.
Вкупната бројка на младите кои ќе ја поминат дисеминацијата и оваа година е 1200.
Истите младинци потоа во период од 05 ноември до 05 декември ќе го добијат вториот дел од обуката – изработување и документирање на малите проекти од страна на ЦКА ПХВ инструкторите.
Дисеминаторите пота ќе ја следат работата на младите, ќе ги мотивираат и ќе ги поттикнуваат да имаат активен пристап кон животот и потребите во својата заедница.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.