Обезбедување на Скопски маратон
Скопските улици пулсираа во чекорите на маратонците-учесници на Скопскиот маратон2014 .
Професионалци, рекреативци, љубители на спортот, луѓе кои од хуманитарни причини решија да истрчаат колку што „ќе издржат”, Црвениот крст на град Скопје- Тимот за одговор при катастрифи подржани од тим лекари беа дел од најмасовното спортско збиднување некогаш одржано во Република Македонија. Повеќе од 300 маратонци, 1000 полумаратонци и над 4500 учесници во хуманитарната трка е бројката која е предизвик за самите организатори а тежината на самиот настан ни дава за право да се сметаме за клучна алка во самиот настан,но во општеството во целина. Тимот за одговор при катастрофи успешно ја реализира ова активност во која беа вклучени 33 членови распоредени на 6 пунктови и едно возило на самата патека. Забележани се над 100 интервенции од кои 6 посериозни кои се транспортирани до најблиските медицински установи.