2020-01-20
Обезбедување на празникот Богојавление Водици 2020
Традиционално, Црвен крст на град Скопје и оваа година даде логистичка и медицинска поддршка во обезбедувањето на верскиот настан Богојавление Водици. Настанот се одржа на р. Вардар и на истиот зедоа учество над 140 верници.
За безбедноста на учесниците во вода беа задолжени 50 волонтери и вработени на ЦКГС, екипи на Центарот за безбедност на вода кои заедно со Тимот за спасување на планина поставија систем јажиња и спасителен чамец со спасители.
Беа поставени и тријажни центри за пружање поддршка од брегот. Настанот помина со помали интервенции.