2017-12-29
Новогодишните пакети за бездомниците
По повод новогодишните празници на 29-ти Декември со почеток во 11.00 часот, Градоначалникот на град Скопје, г-дин Петре Шилегов, го посети Пунктот за бездомници на Црвен крст во Момин Поток и заедно со секретарот на Црвен крст на град Скопје г-ѓа Сузана Т.Пауновска им поделија на 60-те корисниците на пунктот зимски пакети со топла облека.
Пунктот за бездомници на Црвен крст на град Скопје, кој функционира веќе 9-та година, нуди повеќе услуги за лицата кои немаат свој дом и има за цел да овозможи тие да ги остварат основните човекови права и да се реинтегрираат во општеството. Истиот е финансиски поддржан од Градот Скопје и повеќе компании и граѓани. Од 06 декември, заради студениот бран пунктотот е отворен 24 часа за бездомниците.