Пребарувај по датум:
2012-12-24

НОВОГОДИШНИ ПОДАРОЦИ ЗА БЕЗДОМНИЦИТЕ

Во пресрет на новогодишните празници Пунктот за бездомници го посети Градоначалникот Коце Трајановски кој на бездомниците им подели по еден ранец со топла облека.

Покрај овие подароци за бездомниците вкусни домашни пити и колачи донираа членовите на Активот на жени пензионерки од Кисела Вода кои се и редовни корисници на Дневниот центар за стари лица на Црвениот крст како и студентите на Воената академија кои донираа колачи и сокови.
Пунктот во изминатите месеци го посетуваат во просек 30 лица кој добиваат хигиенски услуги, берберски услуги, лекарски прегледи и разговор со психолог и социјален работник.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.