Пребарувај по датум:
2012-01-09

Новогодишни пакети за бездомниците

По повод новогодишните празници Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски на 30 декември го посети Пунктот за бездомници на Црвен крст на град Скопје.

При посетата градоначалникот разговараше со бездомниците и им донираше пакети со прехрамбени продукти, долна облека и јакна.
“И следната 2012 година Скопје ќе продолжи да ги финансира активностите на Црвениот крст на град Скопје за обезбедување услуги на дневно ниво, односно времено згрижување на бездомни лица на подрачјето на град Скопје во Пунктот и прифатилиштето за бездомници, лоцирано во Момин Поток“, истакна градоначалникот Трајановски.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.